Eкипата на Детонит по „тешките“победи ита кон второлигашкото јато

Тимот нa Детонит од Радовиш со двете тешки победи, особено против директниот конкурент за титулата Брегалница од Делчево, го запоседна самиот врв и донесе голема радост кај своите навивачи. Тренерот на екипата Васко Стевчев на располагање има играчи кои во целост ги извршуваат поставените задачи и како резултат на тоа дојдоа овие мошне драгоцени резултати, Во Детонит се задоволни и од малата, но вредна штипска колонија составена од стандардните и проверени играчи, Емил Рунчевски, Петар Левков и Дени Андонов како и младиот засега резервиста Дарко Јованов. Петар Левков во неделата „поцрвене“во Делчево, односно заработи два жолти картони и доби еден меч суспензија. Во недела радовишани ги очекува нов тежок тест кога ќе бидат домакини на екипата на Овче Поле од Свети Николе. Во случај на победа сите во Детонит се убедени дека патот кон Втората лига ќе им биде сосема отворен. До крајот на сезоната Детонит го очекуваат средби со Василево, Хоризонт, Чешиново, Работник, Раклиш и Тиверија.Услови за играчите има,расположението и кај играчите и кај навивачите е на мошне високо ниво и сите се во очекување во Радовиш да се игра квалитетен и да се гледа убав второлигашки фудбал.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk