Изборно првенство во борење, Балканец прв во Кадетска а трети во Сениорска конкуренција

На Државното изборно првенство на Македонија во борење за Сениори и Кадети настапија и борачите на Балканец од Штип. Во конкуренција на Сениори штипјани во екипна конкуренција го освоија третото место во кое првото место го освои Лирија а второто Чаир.Поединечно Владимир Егоров беше прв во кат. до 65 кг. а Мартин Стојанов беше трети. Во кат. до 70 кг. Иле Буровски беше трети а трето место освоија и Мето Тасев и Серхан Шаќиров во кат. до 74 кг. Дејан Митров го освои првото место во кат. до 86 кг. а Бобан Савев беше втор во кат. до 87 кг. Бобан Данов беше неприкосновен и го освои првото место во кат. до 125 кг.

Во конкуренција на Кадети Балканец го освои првото место екипно а во поединечна конкуренција се постигнаа следните резултати
45 кг. Стефан Стојков – прво место . Јован Атанасов – второ место

48 кг. Стојанче Стојков – второ место

80 кг. Андреј Трајчов – прво место

110 кг. Теодор Ѓеоргиев – прво место, Илија Нацев и Андреј Велинов – трето место

60 кг. Алек Ѓеоргиев – второ место

71 кг. Ангел Манев – второ место

92 кг. Христијан Коцев и Стивен Андонов трето место

Во конуренција на Кадетки, Марија Цветанова го освои второто место во кат. до 57 кг а Анабела Данилова беше втора во кат. го 61 кг. Како тренери кои ја водеа екипата на Балканец беа Горан Стојанов, Бобан Данов, Давор Тасев и Мијалче Ананиев.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk