Одбојкарите на Штип УГД ќе ја пречекат Весна Пробиштип а девојките ќе гостуваат во Струмица

Машката одбојкарска екипа на Штип УГД утре, сабота ќе се сретне со тимот на Весна Пробиштип во првенството на плеј – аут разигрувањата. Натпреварот ќе се одигра во салата Јордан Мијалков во Штип со почеток во 15.00 часот. Девојките на УГД Студент во овој викенд ќе гостуваат на Македонија Макс во Струмица. Секретарот на одбојкраските екипи Методи Папаров исто така нагласи дека во овој викенд ќе има и младинска одбојка. Во Тетово ќе се одигра машкиот турнир во кој младите штипјани ќе се сретнат со екипите на Јанта Волеј и со Џио Струмица. Во Куманово ќе се одржи женскиот турнир во кој УГД Студент ќе се сретне со екипите на Весна Пробиштип и со Куманово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk