Комбинирано во овој викенд ќе се одиграат Футсал натпреварите од 17 коло

Футсал возбудувањата во Првата лига на Македонија продолжуваат и во континуитете течат преку цела недела. Веќе се одиграа два натпревари во рамките од 17 првенствено коло во кое се постигнаа следните резултати:

  1. Јувентус Серава – Арбен Бајрами 4:7
  2. Проект Цико – Кратово 11:3

Во недела на 28 март ќе се одиграат уште три средби во кои се среќаваат:

3. Железарец – Шкупи

4. Црна Река – Карадаку

5. Велес – Кеги Моби

Футсал завесата од ова 17 коло ќе се спушти во понеделник 29 март кога во Штип ќе се одигра локалното дерби на штипските прволигаши Астибо и на Мал Ајакс. Сите натпревари поради пандемијата се играат без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk