Неспособноста на надллежните во Штип да се справат со најавениот снег наиде на критики од опозицијата

Неспособноста на надлежните во Општина Штип, за справување со најавениот снег, снежната покривка формирана по улиците и тротоарите во Општина Штип наиде на критики од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму обвинуваат дека со сомнителна  и стара соларка од 20 години за која се потрошени 40 илјади евр, дел од граѓаните во Штип сеуште се заробени поради неисчистените улици и тротоари во градод под Исарот.

„Несомнено, не сте информирани за состојбата во јавните претпријатија! Вашиот претходник, од џебот на граѓаните набави сомнителна соларка, која е амортизирана и стара 20 години, но платена во износ од 40.000 евра. Меѓу другото, очигледно не знаете дека потрошени се и дополнителни 750.000 денари за индустриска сол, за која прашање е дали и каде се употреби?
Истите требаше да „се најдат“ во вакви неприлики, но и после 48 часа излезе на површина слабиот менаџерски капацитет на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија. Некои од граѓаните сеуште се заробени поради неисчистени улици и тротоари, а заради ниските температури допрва ќе сведочиме на останатите несреќи“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Според ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, залудни се сликите и објавите на градоначалникот Николов на социјалната мрежа фејсбук како се работи на терен, бидејќи на таков начин не се решава ваков сериозен проблем.

Лаура Стојанова М-Нет