
Во пресрет на почетокот на пренствениот дел во Супер машката и женска одбојкарска лига на Македонија, се одиграа осмина финалните куп – средби . Еве ги постигнатите резултатите во кои победниците се изборија за понатамошните четврт- финални натпревари:
Работнички – Бамикор 3:0
Струмица жени – Македонија Макс 3:0
Наковски волеј – УГД Студент 3:0
Универзитет Тетово – Ускана 3:0
Пелистер волеј – Виктори волеј 3:1
Фит Фан Волеј – Јанта Волеј 2:3
Во машка конкуренција се одиграа само два 1/ 8 финални натпревари бидејќи четврт финале обезбедија: Џио Струмица, Универзитет Тетово, Вардар, Борец, Шкендија и УГД Штип:
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:0
Лирија – Дибра Волеј 3:0
Во претстојниот викенд започнуваат и првенствените возбудувања и според информациите од секретарот на УГД Студент, Методи Папаров штипските одбојкарки во првото пролетно коло ќе гостуваат во Кичево на тимот на Ускана. Машките одбојкари на УГД Штип следниот викенд ќе гостуваат на Шкендија во Тетово.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk