Одбојкарот Иван Андонов е прогласен за спортист на Пробиштип за 2020 година

Благодарејќи на независната граѓанска иницијатива потпомогната со спонзорство од компании и поединци се оформи жири комисија која ги избираше најдобрите спортисти на Пробиштип за 2020 година. Гласањето се одвиваше првично преку социјалните мрежи за да подоцна се оформи и независно пет- члено жири. Според нивните гласови за најдобар спортист на Пробиштип за 2020 г. е избран Иван Андонов македонски одбојкарски репрезентативец кој ќе настати на Европското првенство. На второ место е исто така одбојкраскиот репрезентативец Филип Николовски а на трето место е фудбалската репрезентативка Ели Јаковска. Веднаш зад неа на ранг листата на најдобрите следува кошаркарската репрезентативка Катерина Поп Димитровска. Понатаму следуваат Мартин Манасиевски, Ангелче Тимовски, Филип Савовски, Даниел Нацевски, Даниел Божиновски и Бојана Петкова. Според информациите од идејниот творец на овој избор Михајло Стојчевски, наградите за најдобрите ќе се доделат дополнително по строго утврдени протоколи за заштита од ковид 19 и навремено ќе се информира за терминот и за точниот датум.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk