
По препорака на пријател, со совет да се проба нешто различно, животот на штипјанецот Златко, се менува сосема добивајќи нов тек на движење на настаните. Живеел и учел во родниот Штип, овде завршил и високо образование, за потоа да тргне на работа во Дубаи. Дали судбината замешала прсти или како што би рекле старите така било пишано, се префрла на работа во Шангај, каде ја запознава љубовта на својот живот, и се запознава со Сабрина, која е од Кина.
Љубов на прв поглед, брак после година ипол врска, живот во Македонија. Овие двајца млади ја доловуваат нивната љубовна приказна, раскажувајќи дека и различностите се поклопуваат и прифаќаат.
Различностите не влијаеле врз овие млади луѓе, па истите Нова година ја дочекаа во Македонија. Корона вирусот налага и Кинеската Нова година која е в втората половина на февруари да ја дочекаат исто во нашата држава. Но, и Сабрина веќе е навикната на состојбата овде, на храната, луѓето.
Семејствата добро се прифатија меѓусебно, како Златко како зет во Кина, така и Сабрина како снаа во Македонија. Интересна приказна, која зборува за различностите, но и искрената љубов меѓу Македонец и Кинескиња , која завршува среќно со брак.
Лаура Стојанова М-Нет