
На 05.01.2021 околу 09.45 часот во Берово на крстосницата од улица „Маршал Тито“ и улица „Цветан Димов“, Д.П.(63) од Берово управувајќи патничко моторно возило „опел фронтера“ со беровски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Б.(89) од село Митрашинци. По незгодата пешакот В.Б. бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.