
Годината измина не баш славно и успешно, ако гледаме на политички економски здравствен карактер. Но, за нас МНЕТ ХД телевизија 2020година значеше обединување, нов почеток, знак на успех, поддршка, напорна работа и одлични резултати. Започнавме во март 2020 година, како целосно домашна компанија лоцирана во Штип. Комплетно и се посветивме на работата, бидејќи желбата да успееме беше заедничка за сите нас. Од 1 октомври М-Нет ХД стана новата регионална телевизија која се емитува на малите екрани, опфаќајќи значајни информации од целиот Источниот дел од државата. На пошироката публика и понудивме секогаш точни брзи и вистинити информации, гледачите уживаа во нашите преноси во живо, граѓаните веруваа во нашата способност да бидеме со нив за теми и настани кои се од големо значење. Ексклузивно, во соработка со ФФМ, М-НЕТ ХД ги доби правата за пренос на фудбалските натпревари од втора лига Исток. Чекор по чекор се дигаме високо кон целта.
Не застанавме. Известуваме за настани кои го одбележаа крајот на 2020 година, а почетокот на нашата кариера. Собравме многу позитивности, ја добивме довербата на гледачите. Неуморниот тим на М-НЕТ ХД телевизија, заеднички, посветено, дисциплинирано и успешно, со соработка, дружба, меѓусебна помош, создава само новости. „Попладне со Надица“ секојдневно не запознава со нови културни и забавни содржини, „Интерактив“ со актуелности, „Зум анализа“ со политика , „Чек поинт“ не внесува во светот на игрите, „Гаминг челинџ“ корените на најпопуларните видео игри во испортот…
Ја заокруживме годината, со преносот во живо директно од Националната сала за опера и балет Скопје, пренесувајќи го музичкиот натпревар организиран од средното музичко училиште Сергеј Михајлов ШТИП. За нас 2020 не беше лоша, но 2021 година ќе биде одлична. Ние веруваме, а вие продолжете да уживате со содржините кои ги нуди М-НЕТ ХД телевизија.
Лаура Стојанова М-Нет