Присилно и недемократски се одвиваше изборниот процес, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип

Не престануваат обвиненијата од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, во врска со одвивањето на изборниот процес кој се одржа на 13 декември, и се гласаше за нов градоначалник на градот под Исарот. Впрочем, изборите биле недемократски, со уцени, крадени гласови и слично.
„Со поништувањето на гласањето на гласачкото место 2266 и жолчната дискусија за начинот на гласање на избирачкото место 2292, како и индициите за незаконското гласање на уште неколку избирачки места, се докажа дека овој изборен процес помина во присилна и недемократска атмосфера, кое фрла црна дамка врз изборниот процес!
Актуелната Општинска изборна комисија, која се истакна со политичка сервилност кон СДС, црпи сила и е поддржана од највисокиот орган за лажирање на изборите ДИК. Вчера тие покажаа дека се слуги и спроведувачи на криминалитетите на власта!
Во паника и страв да не се дознае дека на избирачкото место 2292 член на избирачки одбор. кој е сопруг на член на ОИК и висок функционер во Општина Штип, сакајќи да оправда семејно гласање, направил инцидент од политичка побуда. Иако на тоа се спротиставиле останатите членови, сепак, поданиците на власта, поучени од ОИК и ДИК, успеале да направат изборен криминал и да сокријат записник кој го опишувал настанот на гласачкото место“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, посочуваат дека без поддршката на одредени членови на државната изборна комисија изборите не само недемократски, немаше да бидат ниту успешни.

Лаура Стојанова М-Нет