
2020 година Македонија стана 30та земја членка на НАТО. 2020 година фудбалерите ја пласираа нашата држава на Европското првенство. Но фактот дека од март месец државата па и светот ги зафати една огромна пандемија, ги засенува убавите случувања. Намалувањето на настани, затворањето на угостителските објекти, училиштата, градинките, им стави знак стоп за забавите, излегувањата на младите, се забранија сити фестивали или барем капацитетот на публика беше ограничен и сведен на минимум, животот како да застана во место. Очигледно е дека целата оваа ситуација влијаеше доволно врз граѓаните како на ниво на територијата на државата така и во Општина Штип, па истите најмногу годинава која е речиси на самиот крај ќе ја паметат по Ковид – 19. Пред нас се многу христијански и верски празници, не очекува Нова година, Божиќ, но не изостануваат и препораките и апелите од надлежните да се остане дома, да не се излегува без потреба, односно не не остава ниту корона вирусот. Денеска е 350от ден од 2020 година. До крајот на оваа година преостануваат уште 16 дена, бидејќи е престапна година односно месец февруари има 29 дена.
Лаура Стојанова М-Нет