
Произведувачите на ориз од Кочанско, со протест бараат прифаќање и реализирање на ветувањата кои ги добиле од Министерството за земјоделие. Цената на оризот е доста падната, проценките за нафта сведени на минимум. Со тоа не се покриваат ни трошоците, а за заработка не се ни зборува. Денешниот протест беше мирен, претходно најавен, со обезбедување од полициски службеници, со што произведувачите на ориз, со колона од трактори по главниот пат од Село Облешево кон Кочани, си ги бараат своите права. Не е изоставена и можноста никој да не одговори на нивните барања, но во тој случај протестите ќе се зголемуваат. Исто така, се забележа и стравот кај произведувачите на ориз, бидејќи како што велат тие ноќеска имало притисок врз истите. Маката ги натерала луѓето дури и да не го продаваат својот труд бидејќи цената е неприфатлива. Со доцнење на сеидбата, а со тоа и на жетвата, квалитетот на оризот е помал. Но, трудот и маката на произведувачите на ориз не е незначителна. Со овој како што велат тие предупредувачки протест, бараат да се слушне и нивниот глас и да се одобрат и нивните барања.
Лаура Стојанова М-Нет