Штипската приградска населба која е оддалечена на само пет километри од централното градско подрачје се соочува со голема количина на отпад околу контејнерите што ги има поставено низ населбата. Мештаните се жалат дека поради преполните контејнери неретко отпадот се остава покрај нив. Проблемот е во тоа што ѓубрето од викенд куќите од Плачковица се носи на посочената локација.
Човек да стават да го платат кој е без работа да чисти овде ; многу пати има овде ѓубре ние ги чекаме, чекаме ние сме приградска населба на Штип требаше да бидеме под Карбинци но сеуште припаѓаме како дел од Штип, ама малку не обрнуваат внимание да не одржуваат со чистотата, направат тротоари и треба да се води сметка за сите граѓани.
Од комуналното претпријатие кое е задолжено и треба да ја врши оваа дејност кажаа дека во овој реон се поминува секој четврток или пак петок за да се транспортира отпадот до депонијата.
Проблемот во Караорман е тоа што контејнерите кои се на патот се злоупотребуват од викендиците кои се наоѓаат на Плачковица значи целото ѓубре од Плачковица кое се симнува преку луѓето кои имаат викендички и тоа не до нив него покрај нив и овде станува заблуда дека ние не оперираме и не се врши транспорт на отпадот а тоа се прави секоја седмица.
Од Јавното Претпријатие Исар работат на тоа да секоја куќа во населбата добијат своја канта со што ќе се намали количеството на отпад во контејнерите кои се наоѓаат покрај патот а викендашите симнувајќи се од Плачковица ќе нема да мораат да го фрлаат покрај нив.