
Тренерот на РК „Астибо“ од Штип Дејан Величков не го криеше своето задоволство од некои нови ракометни моменти поврзани со женскиот ракомет.

Откако згаснаа сите обиди за заживување на женскиот ракомет, раководството на штипската екипа беше принудена сите свои ракометни потенцијали да ги ослободи од своите обвтски и да ги пушти да играат во други екипи од кои најголемиот број настапуваат за Овче Поле од Св. Николе и за среќа одлично тоа го работат.

Во такви услови остана работата со најмладите ракометарки од кои две од нив успеаја да се наметнат и да влезат во потесниот избор за младата репрезентација на Македонија.


Имено во текот на вчерашниот ден се одржа селекција за ракометарки од генерацијата 2006 – 2007 од цела Македонија а штипјанките Сара Кировска која игра на позиција лево крило и Рената Милева – лев бек влегоа во потесниот список кој го сочинуваат 30 ракометарки.Комисијата за селектирање ја сочинуваа директорот на репрезентацијата Левче Китевски, проф. Д-р Гино Стрезовски и селекторот на женската репрезентација Симе Симевски.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk