Фото галерија: Вечерва празни улици во Штип. Штипјани ги почитуваат мерките за безбедност

Екипата на М-Нет вечерва реши да провери каква е состојбата на улиците низ Штип.

Впечатоците, за разлика од претходните денови, беа дека штипјани конечно почнаа да ги почитуваат препораките на Владата, за ограничено движење, односно само доколку има потреба.

Затекнавме празни улици, така како што и се очекуваше по воведувањето на мерките за безбедност од ширење коронавирус.

Локалите се уредно затворени и нема групни собири на луѓе.

Беше забележано присуство на патроли и полициски возила, кои што контролираа во која мера се почитуваат препораките. За среќа немаа работа.

Уште еднаш им благодариме на сите наши сограѓани, што конечно покажавме совест во нашето однесување.