
Денес на програмата се квалификациските натпревари во рамките на Лигата на Европа. Она што ја преокупира македонската спортска јавност се настапите на двете наши екипи Силекс и Ренова. Најпрвин на спортскиот комплекс„Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 15.30 ќе се сретнат Ренова – Хајдук. Не е потребно да се анализира рејтингот на хрватскиот преставник кој во текот на своето постоење дал голем удел и придонес за красење на клубските простории со вредни и драгоцени трофеи, но во денешно време е само бледа сенка од некогашната слава. Но и во таква положба Хајдук со богата архива е сепак фаворит во однос на нашата Ренова за која секој поволен резултат ќе значи голема атракција и пробив кон европска виза.
Во вториот натпревар на арената „Тоше Проески“ во Скопје со почеток во 20.00 ќе се сретнат Силекс – Дрита. Секако дека тимот од Кратово е во голема предност пред косовскиот преставник со оглед на тоа што на повеќе пати има европски излети кои се со променлив успех. Тоа им дава значителна предност на играчите на Силекс, со напомена дека противникот кој е непознат не треба да се потцени и дека со максимално извршување на поставените задачи од стручниот штаб ќе се истрасира патот до успехот на овој квалификациски меч.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk