
Скенираат ли штипјани фискални сметки и колку им значат парите од повратот на ДДВ во денешницата? Граѓаните на терен во Штип велат дека скенирањето станало нивна секојдневна навика по секое пазарење. Тие истакнуваат дека овие средства, иако не се многу, секогаш се добредојдени како дополнителна помош за домашниот буџет и покривање на некои од основните трошоци. Токму поради тоа, препорачуваат на секој да се пријави и да скенра, бидејки велат истото е корисно.
Граѓаните велат дека средствата на сметка им легнуваат навреме, во предвидениот рок, што претставува мотив да скенираат и во следниот период.
Преку скенирање на фискалните сметки, граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот данок на додадена вредност, кој се исплаќа на секои три месеци.
Иван Митев, М-Нет