
Дождливото време погодно за раст и созревањето на зелката и карфиолот. Производите бараат студ, ниски температури, па дури и роса на самите плодови, велат анкетираните на штипскиот пазар, додавајќи дека годинава слабиот род на зелката се должел на високите температури и жешкото време. Тие додаваат дека овие производите се одлични за подготовка на свежи салати и вкусни чорби.
Зелката, пак, останува најбарана на штипскиот пазар, како денеска, така и во изминатите денови. Купувачите ја купуваат во поголеми количини, како за подготовка на свежи салати, така и за во буре за претстојната сезона.
Дополнително, покрај зелката и карфиолот, застапени производи кои се продаваа на штипскит пазар беа и морковот и карфиолот.
Ева Тушевска, М-Нет