
90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови и не плаќаат кирија, според Пописот од 2021 година, рече денеска на прес-конференција министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање за владината потрошувачка кошничка.
,,Значи, прашањето беше за разликата меѓу синдикалната и владината кошничка. Сами тие што ја имаат направено синдикалната кошничка сами тие имаат кажано дека тоа е посакувана потрошувачка кошничка, не е ниту минимална синдикална кошничка. Ние сме ја направиле просечната потрошувачка кошничка каде што сме ги земале податоците од релавантните институции, сме земале податоци од многу маркети, многу трговци. Сме земале податоци од целата држава за да имаме за да биде пореално, не за да креира некоја политика. Не сме ги ставила во таа потрошувачка кошничка цигарите, алкохолот, кириите и тоа што според пописот и статистиката 2021 година, 90% од граѓаните живеат во свој сопствен дом, не плаќаат кирија и имаат станови“ рече Дурмиши
Дополнително, министерот Дурмиши посочи дека при изработката на владината потрошувачка кошничка биле земени предвид и периодите во кои се трошат одредени производи. Тој нагласи дека владината кошничка опфаќа над 100 производи.
,,Исто така, одредени производи кои не се трошат во временски периоди, ние не сме ги ставиле, сме направиле разлика кои производ се троши во кој временски период, а тие имаат стан во текот на целата година. Разликата е во тоа што ние имаме ставени над 100 производи, еве и минатиот месец нашата се зголемуваше за 900 денари, нивната за 400 денари, поради тоа што ние имаме повеќе производи ставено во нашата потрошувачка кочничка“,соопшти Дурмиши
Беше посочено дека при креирањето на владината потрошувачка кошничка биле земени предвид над 100 производи, како и периодите во кои се трошат одредени производи, со цел да се добие пореална слика за потрошувачките навики на граѓаните.
Ева Тушевска, М-Нет