Боксерите на Пинк Пантер од Штип на два меѓународни фронта: Али Расимов во Бугарија, пет боксери заминуваат за Бања Лука

Боксерите на Пинк Пантер од Штип овој викенд ги очекува настапи на два силни меѓународни турнири.

Али Расимов ќе настапи на „Сандански Куп“, тој веќе денес замина во Бугарија каде ќе настапи во кадетска конкуренција до 46 килограми.

Дури пет боксери од боксерскиот клуб Пинк Пантер ќе заминат на силен меѓународен турнир во Бања Лука. Марко Чурлиновски во конкуренција до 54 килограми, Кристијан Штрков до 57 килограми, Иса Бајрам ќе настапи во конкуренција до 60 килограми, потоа Зулфиќар Бајрам до 66 килограми, како и Александар Панов кој ќе настапи во младинска конкуренција до 65 килограми.

„Пантерите“ заедно со тренерот Петре Чурлиновски утре заминуваат за Бања Лука. Турнирот се одржува од 27 до 30 ноември.

За младите штипски „пантери“ на тренерот Петре Чурлиновски ова ќе биде последен тест и проверка на формата за настапот на меморијалниот меѓународен турнир „Јордан Мијалков“ кој ќе се одржи на 13 декември во Штип.

Александар Ванев, М-Нет