
До Нова Година во Општина Карбинци треба да пристигне уште машината за пробивање канализации, со што ќе се заокружат речиси сите проекти за 2026 година. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека тендерот е завршен и се чека само испораката на машината, која се набавува со Бирото за регионален развој. Во меѓувреме, општината веќе го подготвува буџетот за 2027 година, а граѓаните активно испраќаат свои предлози и идеи преку општинската веб-страница и социјалните мрежи. Своите идеи жителите ќе можат да ги кажат и директно на терен, на претстојните отворени денови и средби со месните заедници.
,,Генерално она што беше во планот за работа и во буџетот и во програмите на Општина Карбинци за 2026 година е речиси реализирано или е во една завршна фаза. Оваа мерка завршува, веќе во декември ќе се заврши исплатата. Исплатени се субвенциите по основ на учениците, првоодделенчиња, средношкоци и студенит, како и новороденчињата кои што добиваат еднократна парична помош и тоа е реализирано. Проектите се завршени, останува уште еден проект, кој што има рок до крајот на годината, а тоа е набавка на машината за пробивање канализации, кој што е во соработка со бирото за регионален развој, успешно е завршена тендерската постапка, очекувам до крајот на месец декември да биде испорачана оваа машина и да биде затворен и овој проект а оваа година. Со тоа ги реализираме речиси сите предвидени, прецизно со план проекти за 2026 година, а веќе сме насочен кон проектирање на буџетот за 2027 година. Граѓаните се активно вклучени. Во периодот кој што следи ќе претстојат денови на консултации со месните заедници на разговор ќе бидат отворени денови на општината за прибирање на проекти-предлози од страна на граѓаните, а веп платформата, односно веб страницата на општината и социјалните мрежи функционираат во изминативе дена за исто така прибирање на проекти и можам да кажам дека доста добар е одзивот. Имам некаде над 20 тина меила пристигнати, со кои што тие даваат идеи сугестии, предлози и активно се вклучени во проектирањет она буџетот.”, вели Паунов
Од досега пристигнатите мејлови, жителите претежно бараат подобра инфраструктура, нови паркови, игралишта, поголема хигиена и поставување видео-надзор на јавните површини
,,Дел од нив се во подобрување на инфраструктурата, дел од нив навистина креативни од типот на игралишта, зеленило, паркови. Имаме решенија, кои што искрен да бидам сум позитивно изненаден, дека може да ги реализираме како нови катчиња за граѓаие а пешачки зони, за подобрување на спортската инфраструктура. Имам одредени и критики позитивни со предлози за хигиената каде што подетално треба да посветиме внимание. За видео надзор на јавни површини и тоа е еден од проектите кои што следната година би можел да бидеа реализиран.”, кажа Паунов
По завршувањето на средбите на терен, локалната самоуправа ќе ги утврди приоритетните проекти што ќе влезат во програмата за следната година.
Иван Митев, М-Нет