
Петнаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два дена, в петок ќе се одиграат два натпревари, а в сабота три.
Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Брегалница, меч кој се игра на „Чаир“ во петок од 12 часот. Еден час подоцна Башкими ќе игра против Скопје.
Овие два натпревари може да направат важни промени во долниот дел од табелата и од тука петочната програма нуди мечеви каде трите бодови ќе бидат голем императив.
Во сабота од 12 часот започнуваат два натпревари. Арсими ќе игра со шампионот Вардар во Гостивар, а пак во Кратово ќе се одигра натпреварот меѓу Силекс и лидерот Струга Трим Лум.
Од 13 часот во Кавадарци ќе се одигра дербито меѓу Тиквеш и Шкендија.
Саботната програма нуди дерби пресметки каде првите четири не смеат да погрешат.
Александар Ванев, М-Нет