Високо емотивно возачко искуство: развојот на првиот целосно електричен 718 Boxster влегува во завршна фаза

• Централниот распоред на батеријата “E-Core” дава динамика на возење во стил на возило со мотор поставен во средината и ниска позиција на седење
• E-Shift со лопатки монтирани на воланот и репродуциран Boxster звук
• Новиот автомобил ќе биде претставен во првиот квартал од 2027 година
• Околу четири милиони тест километри поминати под широк спектар на услови

Првиот целосно електричен спортски автомобил со две седишта на Porsche е во завршна фаза. По обемна програма за тестирање, новиот 718 Boxster, со специфичен, спортски E-Core распоред, е на крајот на развојот како сериско возило.

Околу четири милиони тест километри
За време на развојот, целосно електричниот 718 Boxster беше подложен на тестови за издржливост под широк спектар на услови. Компонентите беа тестирани на мраз и снег во Шведска, каде температурите паднаа и до -30 степени Целзиусови, и во „Долината на смртта“ во САД, каде екстремната топлина достигна до 51 степен Целзиусов. Во гужвата на градовите како Лас Вегас, Лос Анџелес и Шангај, фокусот беше на секојдневната употребливост и системите за помош на возачот. Најниската надморска височина на тест рутите беше 86 метри под нивото на морето, додека највисоката беше 2.750 м. Инженерите и тест возачите на програмата патуваа во повеќе од 20 земји и ги тестираа преформансите на полнењето користејќи пет различни стандарди за полнење. Вкупно, тест тимот помина околу четири милиони километри во прототипите на целосно електричниот 718 Boxster.


E-Core архитектура за распределба на тежина во стил на спортски автомобил со мотор поставен на средина
Зачувувањето на ДНК-та на претходниците беше еден од врвните приоритети при развојот на целосно електричниот 718 Boxster. Веднаш зад седиштата, каде што инаку би бил монтиран моторот со внатрешно согорување, е поставена батеријата од 800 волти. Оваа E-Core архитектура е специјално направена за 718 Boxster и – за разлика од повеќето електрични возила – овозможува ниска позиција за седење, како што се очекува од спортски автомобил. Тежината е концентрирана кон средината на возилото. Со распределба на тежината од 40 проценти на предната оска и 60 проценти на погонската задна оска, тоа одговара на традиционалниот спортски автомобил со мотор во средина. Интелигентната лесна конструкција обезбедува вкупна тежина слична на сегашните 911 Cabriolet модели со T-Hybrid погон.

„Почнувајќи од следната година, целосно електричниот 718 Boxster ќе им понуди на нашите клиенти привлечна точка за влез во нашиот свет на спортски автомобили со две врати,“ вели д-р Мајкл Лајтерс, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG. „Нашите инженери успеаја да го пренесат уникатниот концепт на Boxster во електричниот свет, дополнително унапредувајќи го во процесот. Воодушевен сум од нивото на уживање во возењето што го нуди новиот 718 Boxster.“

Компоненти на шасијата од 911 и извонредна динамика на возење
Многу од компонентите на шасијата се базирани на оние на 911. На пример, управувањето е базирано на 911 Carrera GTS, а управувањето со задната оска е достапно во 718 Boxster за првпат. Димензиите на комбинациите на тркала и гуми и сопирачкиот систем се базирани и на Porsche 911. Електронски контролираниот PTV+ диференцијал со ограничено лизгање исто така е изведен од 911.


„Развојот на целосно електричниот 718 Boxster е на последниот свиок,“ вели д-р Мајкл Штајнер, член на Одборот за истражување и развој. „При дизајнирањето на овој автомобил, не го избравме лесниот пат. Наместо тоа, се одлучивме за серија решенија типични за Porsche. Добар пример за ова е архитектурата на E-Core. Таа овозможува ниска позиција за седење и центар на гравитација како традиционален автомобил со мотор во средина. Тоа може да се почувствува со секој поминат метар.“

Лесна моќ за максимално возење

Целосно електричниот 718 Boxster ќе биде најмоќниот 718 досега. Врвниот модел забрзува до 100 km/h за помалку од три секунди и достигнува максимална брзина од повеќе од 250 km/h. Сите 718 Boxster модели ќе бидат со погон на задните тркала.

„Би бил многу задоволни ако, при возењето на 718 Boxster, нашите клиенти можат да почувствуваат колку страст е вложена во развојот на овој автомобил и дека успеавме да ја пренесеме ДНК-та на 718 со мотор за согорување во електричниот свет,“ вели Франк Мозер, потпретседател за модел линија 911 и 718.

Подобрено задоволство при возење со еден допир на копче

Сите модели 718 Boxster ќе бидат стандардно опремени со E-Shift. Со еден клик може да се активира виртуелен седумстепен PDK менувач, носејќи ги дефинирачките карактеристики на PDK возачкото искуство во светот на електричниот погон. Виртуелните карактеристики на менувачот варираат во зависност од избраниот режим на возење. Како и кај вистинскиот PDK систем, возачот може да избере помеѓу автоматска или рачна брзина користејќи ги лопатките зад воланот. Благодарение на насоченото зголемување на вртежниот момент за време на процесот на менување, перформансите се идентични без разлика дали E-Shift режимот е активиран или деактивиран. Во E-Shift режимот, виртуелното менување е придружено со вистински реконструиран звук на шестцилиндричен боксерски мотор, базиран на препознатливиот звук на Boxster GTS од генерацијата 981. Кога E-Shift режимот не е активен, лопатките добиваат поинаква функција: наместо виртуелни менувачи, можат да се користат за избор помеѓу три фази на рекуперација.

Двократниот светски шампион во рели Валтер Рерл е исто така импресиониран од возачките карактеристики на целосно електричниот 718 Boxster: „Навистина е сензационално што може овој автомобил,“ вели тој. “Тука моќта, перформансите при сопирање, управувањето и возачкото искуство се спојуваат совршено. Кога ќе ја активирате функцијата E-Shift на воланот, нивото на уживање во возењето се зголемува уште повеќе. 718 Boxster ви дава повеќе повратни информации отколку што сум доживеал со кој било друг целосно електричен автомобил.“

Светска премиера во првиот квартал од 2027 година

Целосно електричниот 718 Boxster, кој ќе се произведува во главната фабрика на Porsche во Штутгарт-Цуфенхаузен, ќе ја прослави својата светска премиера во првиот квартал од 2027 година. Документарниот филм за развој „Новиот 718 Boxster: приказна за развој“ ќе се прикажува секојдневно во четири делови од 24 ноември на YouTube каналот на Porsche и во редакцијата на Porsche. Серијата осветлува различни фази на тестирање, од кои некои се одвивале во екстремни услови.

ПР

Текстот Високо емотивно возачко искуство: развојот на првиот целосно електричен 718 Boxster влегува во завршна фаза е превземен од МАКФАКС.