
Со оштетени автомобили и куп нервози остануваат жителите на селото Али Коч, поради ископаниот пат кој секојдневно ги носи до Радовиш и назад. Велат дека веќе неколку години не можат да излезат на крај со длабоките дупки и испуканиот асфалт, кои секојдневно им ги кршат возилата и им ја уништуваат амортизацијата.
Иако многупати досега се обратиле до Општина Радовиш, решение за нивниот проблем велат се уште нема. За М-Нет телевизија тврдат дека се препуштени сами на себе, па решиле повеќе да не чекаат. Собрале пари од сопствениот џеб, ги зеле лопатите в раце и сами започнале да го обновуваат патот, за барем малку како што велам ги ублажат штетите на возилата.
,,Ние имавме од 98 ма година еден асфалт. Од тогаш до сега нема никаква обнова. Раскопан е, дупки, водата се однесела. Златни коли имавме, се е расипано. Амортизери и се остнаато се е лом и затоа како претседател не можам да се разберам, никој не сака пари да даде, а сакаат да имаат асфалт. Зборував и и до градоначалникот, одбија ме. Од градо до селото станува збор, тој пат ништо не е направено. Едно село имаме од градот до селото тоа е Али Коч, седум километри е, а понагоре има уште едно Коџалија се вика. Од градо до Коџалнија патот е уништен.”, вели Јакупов
Во врска со ситуациајта, нашата редакција се обрати до градоначалникот на Општина Радовиш Љупче Почивалец. Во телефонски разговор, тој рече дека е запознат за случајот и дека процесот не е едностваен. Потврди дека проблемот се решава. Денеска рече дека жителтие доаѓаат на состанок во општината за да се разговара на решението на проблемот.
Инаку, жителите велат дека освен патот до селото Али Коч, и патот до селото Коџалија, кое се наога неколку километри над нивното село, исто е оштетен. Целовкупно како што велат, станува збор за 10 киломтери пат, кој треба да се реконструира од Радовиш, целосно до село Коџалија.
Иван Митев, М-Нет