Се уредува локалитетот Л’џи во штипско Ново Село, паралелно ќе се реставрира куќа и обнови сместувачкиот капацитет на бања Кежовица

Почнаа активностите за реставрација на локалитетот Л’џи во штипската населба Ново Село, што е дел од поголемиот проект на општината за обнова на ова историско јадро. Паралелно, проектот предвидува и обнова на една куќа во Ново Село и реконструкција на сместувачкиот капацитет на бањата Кежовица. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција, средствата се обезбедени преку прекуграничната соработка со Бугарија и Центарот за развој на Источниот плански регион, со дополнително учество од општинскиот буџет.

,,Во минатото најавуваме дека работиме на проект за финансирање за реставрација на Ново Село, на куќите во Ново Село на локалитетот Л’џи, на дел од сместувачкиот капацитет на бањата Кежовица. Тоа кое што во моментот се случува е почеток на овој проект. Се започнува со уредување на локалитетот Лџи. Согласно проектот овде се планриани нешто повеќе од три милиони денари средства да бидат инвестирани во ново уредување на локалитетот Лџи, симбол на Ново Село и Штип. Финансисктите средства се обезбедни преку пограничната соработка со Бугарија преку Ценатрот за развој на ИПР и Општина Штип. Дополнителен буџет одвоивме ов буџетот на Општина Штип за да можеме да го реализираме и заокружиме овој проект, кој предвбидува реставрација на една куќа во Ново Село, реставрација и уредување на локалитетот Лџи и реконструкција на сместувачкиот капацитет во бањата Кежовица.”, вели Јорданов

Освен ова, општината со буџетот за 2027 година планира да среди уште десетина куќи, мостот кај Л’џи и речното корито, за Ново Село да стане вистински музеј на отворено.

“Паралелно на овие средства кои што се обзебедени преку пограничната соработка, општината издвои дополнителен буџет за 2027 година. Паралелно се предвидени реставрација и фасадно уредување на десетина куќи во Ново Село, со што тоа кое што го имаме како цел е да Ново Село буквално биде музеј на отворено и секој посетител и секој кој ќе дојде во оваа населба да го добие тој автентичен изглед и претстава за некогашниот изглед на Ново Село. Она кое што како локална самоуправа го планирам е расчитување на речното корито, реставрација на мостот кај лоаклитетот Л’џи, нешто кое што со години наназад имало потреба да се случи. Да се уреди, да се осфетли, да биде соодветно место, не само за ново селци, туку и за сите оние кои што ќе доагаат.”, додава Јорданов

Директорот Трајче Здравков на центарот за развој на источно планскиот регион, рече дека целта е Ново Село го довие посакуваниот лик и да биде туристичка дестинација на луѓето од државава и надвор од неа.

,,Со овој проект сакаме да придонесеме Ново Село да го добие својот посакуван лик и да биде една туристичка дестинацвија на луѓето од Македонија и регионот. Поради тоа ги ставивме овие три активности во овој проект.”, вели Здравков

Инаку, согласно проект, сместувачките капацитети се предвидува да бидат приближно исти, но со подобрени услови, со кои што се планира на посетителите да им се овозможи соодветно функционирање на приестојот во Бања Кежовица. Во куќата, пак која што исто е план од проектот се планира да има историски предмети и работи како дел од приказната на оваа населба.

Иван Митев, М-Нет