Променливо облачно време со дожд во делови од земјава, од вторник заладување

Во утринските и раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат во недела и понеделник, а поради продор на постуден воздух од север, во понеделник попладне на планините дождот ќе преминува во снег.

Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

Текстот Променливо облачно време со дожд во делови од земјава, од вторник заладување е превземен од МАКФАКС.