Прес конференција на ОО СДСМ Штип

Павел Иванов, претседателот на ОО СДСМ Штип на денешната прес-конференција рече:

,,Градоначалникот Јорданов ја обвини опозицијата дека е најсреќна кога во градот има елементарна непогода. Веќе петта година Штип се соочува со елементарни непогоди предизвикани од раководењето на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов. Освен покачување на цените, сомнителни тендери, поскапување на паркирањето, градење со парите на граѓаните, а потоа давање под закуп на приватни фирми, на Штип му се случија и многу други елементарни непогоди”, изјави Иванов

Инаку, пресот се одржа денеска во центарот на Штип.

Ева Тушевска, М-Нет