
Ги знаат ли децата своите права и колку се почитуваат нивните основни потреби? На терен ги прашавме граѓаните колку се запознаени со детските права по повод Светскиот на детето. Штипјани велат оти секое дете заслужува да расте во топол дом, со игра, забава и безгрижно детство. Но, според нив, новите генерации имаат и повеќе права и можности, па затоа особено важни се воспитувањето и поставувањето граници. Иако децата имаат свои права, додаваат анкетираните, тие треба да знаат дека имаат и обврски – да ги почитуваат родителите, наставниците и правилата.
Граѓаните испратија пораки на сите дечиња да бидат среќни и да имаат безгрижно детство.
Децата се најголемото богатство, велат граѓаните, затоа овој ден треба да биде само уште еден потсетник за правата на децата.
Ева Тушевска, М-Нет