Во Скопје се отвора нова дестинација за креативност, учење преку игра и незаборавни доживувања со LEGO

ГРУПАЦИЈАТА „ЛЕГО“ (LEGO GROUP), ВО ПАРТНЕРСТВО СО „БРАВОГРУП ХОЛДИНГ“ (BRAVOGROUP HOLDING), ЈА ОТВОРА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА ПРОДАВНИЦА НА LEGO® ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) го одбележува своето прво директно присуство на малопродажниот пазар во Северна Македонија со отворањето нова продавница LEGO® Store, со површина од 180 квадратни метри во „Ист Гејт Мол“ во Скопје. Продавницата е наменска дестинација каде што децата, семејствата и обожавателите може да откријат широк избор на сетови LEGO® и да ја доживеат радоста на градењето во инспиративна и игрива средина.

Новата продавница е првата продавница LEGO® во регионот што има два влеза, создавајќи отворена и пријатна средина за посетителите што доаѓаат од различни насоки во „Ист Гејт Мол“. Со отворањето на продавницата, брендот LEGO® станува подостапен за потрошувачите во Северна Македонија преку неговото физичко искуство, осмислено околу имагинацијата, креативноста, забавата, учењето, грижата и квалитетот.

Физичките и дигиталните шопинг-доживувања имаат комплементарни улоги. Купувањето онлајн нуди удобност и лесна достапност, додека, пак, продавницата LEGO® им овозможува на посетителите да се поврзат со брендот LEGO® на непосреден начин, да откриваат производи и да ја доживеат радоста на заедничкото градење фигури.

„Воодушевени сме што ја отвораме првата продавница LEGO® во Северна Македонија и што им посакуваме добредојде на децата, на семејствата и на обожавателите во простор создаден да ги поттикне имагинацијата и креативноста“, изјави генералната директорка Жужана Четењи. „Ова отворање е возбудливо постигнување за нас. На многу луѓе им дава можност лично да го откријат играњето со LEGO®, да истражуваат нови можности и да уживаат во гордоста што доаѓа од создавањето нешто свое. Со нетрпение очекуваме да станеме дел од локалната заедница и да ги инспирираме градителите на утрешнината.“

Новата продавница, со површина од 180 квадратни метри, на потрошувачите им нуди пријатна атмосфера во која може да истражат широк избор на сетови LEGO® што се наменети за различни интереси и возрасни групи. Исто така, ќе има и „ѕид од тули“ (Pick a Brick Wall), каде што посетителите ќе може да избираат и да купуваат поединечни коцки LEGO® за да создаваат и да градат на свој начин.

Целта на отворањето на продавницата е да го збогати играчкото доживување со LEGO® во Северна Македонија, овозможувајќи им на потрошувачите дополнителен начин да се поврзат со брендот. Фокусот на Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) е учењето преку игра да го донесе до повеќе деца и семејства, истовремено нудејќи висококвалитетно доживување што ги одразува вредностите на брендот LEGO®.

За „Бравогруп“ (Bravogroup)

„Бравогруп“ (Bravogroup) е приватна унгарска компанија основана во 1992 година, со искуство во управување со франшизи од 1994 година. Групацијата работи со меѓународни брендови, вклучувајќи ги „Самсунг“ (Samsung), „Шаоми“ (Xiaomi), „Хјулит Пакард“ (Hewlett Packard), „Шарк/Нинџа“ (Shark/Ninja) и Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO® Group).

Надградувајќи го партнерството со Групацијата „ЛЕГО“, воспоставено во 2014 година, „Бравогруп“ ја отвора својата најнова сертифицирана продавница LEGO® во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје на 20 ноември 2026 година, заедно со онлајн продавница што ќе ја опслужува Северна Македонија. Отворањето означува уште една успешна етапа во рамките на партнерството, преку кое малопродажната мрежа LEGO® на „Бравогруп“ вклучува осум продавници, со што целокупното работење на компанијата се проширува во осум земји.

Партнерството постојано расте во рамките на целиот регион со отворање продавници во Хрватска во 2014 година, во Словенија во 2016 година, во Србија во 2018 година, во Бугарија во 2023 година, во Унгарија во 2024 година и во Северна Македонија во 2026 година.

Идните цели на компанијата „Бравогруп“ се да ја прошири својата мрежа на продавници LEGO® низ целиот јадрански регион до 2030 година, создавајќи повеќе можности за децата, семејствата и обожавателите да ја откријат радоста на градењето фигури LEGO®.

За Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO® Group)

Мисијата на Групацијата „ЛЕГО“ е да ги инспирира и да ги поттикнува градителите на утрешнината преку моќта на играта. LEGO® System in Play, чија основа се коцките LEGO®, им овозможува на децата и на обожавателите да градат и да преградуваат сè што можат да замислат.

Групацијата е основана во Билунд, Данска, во 1932 година од страна на Оле Кирк Кристијансен. Нејзиното име е изведено од двата дански збора „LEg GOdt“, што значи „играј добро“. И ден-денес Групацијата „ЛЕГО“ е семејна компанија со седиште во Билунд. Производите на „ЛЕГО“ се омилени меѓу децата и обожавателите ширум светот.

LEGO® и логото „LEGO®“ се трговски марки на Групацијата „ЛЕГО“. ©2026 The LEGO® Group.

 

(ПР)

Текстот Во Скопје се отвора нова дестинација за креативност, учење преку игра и незаборавни доживувања со LEGO е превземен од МАКФАКС.