
Во рамките на петтото коло на Втората женска кошаркарска лига екипата на Тим Арена од Штип ќе биде слободна, а од оваа рунда едниот меч ќе се игра во недела, а другиот во вторник.
Утре во салата „Младост“ ќе се одигра мечот меѓу Гостивар и Спорт Тим, дуел кој ќе започне во 13 часот. Домаќинот е петтопласиран со три бодови, а пак гостинот од Неготино е трет со пет бодови на своето конто.
Во вторник во спортската сала „Тими“ ќе се одигра езерското дерби меѓу Струга и Охрид, мечот започнува во 15:30 часот.
Стружанки имат шест бодови и го држат првото место, а пак Охрид е четврти со четири бодови.
Пред одигрувањето на оваа рунда Струга е прва со максимални шест бода од три меча, Тим Арена од Штип е втора со шест бода, но со учинок од две победи и два порази. На третото место е Спорт Тим од Неготино со пет бодови преку ефект од две победи и еден пораз, а пак Охрид е четврти со четири бодови од една два ефект, на дното е Гостивар со три порази од толку мечеви и се наоѓа на последната позиција.
Александар Ванев, М-Нет