(Фото) Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз, извести Царинската управа.

„Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла“, соопшти Царинската управа.

Текстот (Фото) Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз е превземен од МАКФАКС.