Каменица Саса како апсолутен фаворит гостува кај Карбинци, Малеш гостува во Виница, лидерот ќе има незгодно гостување

Утре ќе бидат одиграни натпревари од последното есенско коло со мечевите од 11. коло ќе заврши есенската полусезона, но ќе остане следниот викенд да се одигра одложениот меч од 5. коло меѓу Победа Валандово и Малеш, меч од кој ќе зависта многу околности за пролетниот дел.

Дерби ќе се одигра во Виница каде ланскиот второлигаш Слога ќе игра против Малеш од Берово во меч каде домаќинот ќе бара пат до својата втора сезонска радост, а пак Малеш оди по петтиот триумф оваа сезона, а со тоа да продолжи да го следи врвот од табелата, бидејќи ако Малеш слави над Слога, а потоа во одложениот меч го добие лидерот Победа во Валандово ќе избие при самиот врв и со тоа тимот од Берово ќе биде конкурентен за челната позиција која води кон баражот за Втора лига.

Ланскиот второлигаш Каменица Саса како фаворит ќе гостува последнопласираниот Карбици, во меч каде „рударите“ треба „лесно“ да стигна до трите бодови, а пак тимот кој нема ниту еден бод ќе се обиде да изненади за први бодови.

Дојранско Езеро на домашен терен ќе се соочи со Брегалница од Делчево во меч каде домаќинот има предност поради домашниот терен, а гостинот ќе има незгодно гостување во обид позитивно да го затвори есенскиот дел.

Лидерот Победа Валандово ќе има тешко гостување кај некогашниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново, меч каде ако „калинкарите“ триумфираат ќе бидат есенски шампион, со пораз ќе им зависи првото место од одложениот меч со Малеш, ако се загубат двата натпревари тогаш Победа ќе го препушти првото место на Каменица Саса.

Овче Поле ќе гостува во Пирава кај Ударник, каде гостинот од Свети Никол не смее да погреши само победа и три бода се опција со цел да имаат полесна пролет за да го стигнат лидерот.

Во рамките на последното есенско коло слободна е екипата на Огражден со што тимот од Ново Село во претходното коло ги заврши своите обврски за есенскиот дел.

Александар Ванев, М-Нет