Прес конференција на ОО СДСМ Штип

Трајче Стојчевски, советник во Советот на Општина Штип, на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со водоснабдувањето со кои се соочуваа граѓаните.

,,Штип и штипјани веќе неколку дена се соочуваат со сериозен проблем со водоснабдувањето, а во вакви моменти најважно е институциите да покажат одговорност и грижа за граѓаните.​Сметаме дека Општина Штип треба да го преземе финансискиот товар и да ги обесштети засегнатите домаќинства и правни субјекти, како чин на одговорност и грижа кон граѓаните“, вели Стојчевски

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, реагираше на критиките од опозицијата, посочувајќи дека проблемите со водоснабдувањето се последица на долгогодишното неодржување и дотраената водоводна мрежа.

,,Видов дека овие неколку денови, кога градот се соочува со елементарна непогода, јас во текот на вчерашниот ден кажав дека има одредени работи кои не зависат од човечки фактор, има одредени работи кои не можат да се предвидат. Нажалост, тогаш кога требало да се предвидат, во минатото требало некој да си ја врши работата за тоа што е платен, требало да се променуваат водоводните мрежи тоа никој не го прави. И затоа имаме една таква ситуација кога се случува нешто кое не може да се предвиди. Имам чувство дека кога имаме елементарни непогоди, кога имаме вакви појави во градот, опозицијата е најсреќна. Јас сум вдудоневиден, како тоа луѓе кои треба да бидат одговорни и кои сакаат да се занимаваат со политика, освен тоа што во минатото биле неодговорни, од нив сме наследиле низа проблеми, дотраени водоводни линии, долгови, неработење, неморални работи “, кажа Јорданов

Јорданов дополнително тврди дека градот се соочува со наследени проблеми кои сега доаѓаат до израз. Тој упати критики и до опозицијата, посочувајќи дека тие политички ги користат ваквите проблеми кои како што рече не зависат од човечки фактор.

Ева Тушевска, М-Нет