
Репрезентативната пауза заврши, кошаркарките се враќаат со клупските обрски. Викендот ќе се играат мечевите од 5. коло на Првата женска кошаркарска лига.
Во Македонска Каменица ќе се одигра мечот меѓу фаворитот и поранешен шампион Баскет Кам и Патриот од Делчево.
Домаќинот по двата порази во дерби средбите со Бадел и шампионот Крива Паланка сака да направи експресно враќање против гостинот од Делчево кој е на дното со четири порази од толку натпревари.
Мечот ќе се одигра во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а закажан за сабота од 14 часот.
В сабота од 17:30 часот ќе се одигра големото дерби меѓу непоразените Бадел и Вардар, една екипа ќе ја прекине победничката низа.
Двете екипи имаат четири победи од толку натпревари и влегуваат во дерби средбата за кој да остане осамен на врвот. Дербито ќе се игра во салата „Независна Македонија“.
Две средби се закажани за недела. Од 19 часот шампионот Крива Паланка како фаворит ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром, додека пак претходно од 16 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра средбата меѓу Пробаскет и Гевгелија.
Александар Ванев, М-Нет