
Павел Иванов, претседателот на ОО СДСМ Штип, на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со водоснабдувањето со кои се соочуваат граѓаните.
“Граѓаните повторно се соочуваат со прекин на една од најосновните комунални услуги, без навремено, конкретно и прецизно известување од надлежните.
Наместо јасна информација кога ќе биде нормализирано водоснабдувањето, добиваме само паушални соопштенија, без конкретни рокови и без одговори на најважните прашања.”, вели Иванов
Од ЈП „Исар“ посочуваат дека запирањето на водата е стандардна процедура при зафати од голем обем на главната водоводна линија која го снабдува градското подрачје.
,,Сопирањата на водата се стандардна процедура кога станува збор посебно за зафат на ваков голем обем, каде што е засегната главна водоводна линија, која што дирекно излегува од филтер станицата и го напојува градското подрачје.”, вели Арсовски
Иван Митев, М-Нет