Голем револт и гнев во Штип по новото брутално насилство врз девојката од Охрид, граѓаните бараат најстроги казни

Голем револт и гнев во Штип по новото брутално насилство врз девојката 26-годишна девојка од Охрид, граѓаните бараат најстроги казни. Според полициските информации, била брутално претепана од нејзиниот 31-годишен партнер и завршила со тешки телесни повреди.

Случајот предизвика нов бран реакции и револт кај граѓаните во Штип. Тие велат дека е крајно време насилството врз жените да престане, дека ниту една жена не смее да живее во страв и дека институциите мора да обезбедат вистинска заштита за жртвите.

Насилството се случило на 15 ноември, по претходна расправија која започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Нападот продолжил и откако го запрел возилото, при што девојката изгубила свест.

Таа најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил лишен од слобода, но Основниот суд во Охрид му изрекол мерки на претпазливост.

Штипјани порачуваат дека насилството не смее да се премолчува и дека секоја пријава мора сериозно да се сфати, а жртвите да добијат навремена и соодветна заштита.

Ева Тушевска, М-Нет