
Се собираат средства за обновување на фасадата на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во село Тркање. Потребни се камени фасадни плочки и лепак за нивно поставување, а според првичните проценки, за реализација на проектот се потребни околу 2.000 евра. Од црковниот одбор упатуваат апел до сите верници, граѓани и компании, секој според своите можности, да помогнат во обновата, со цел манастирот да го дочека Ѓурѓовден во ново руво.
,,Моментално донацијата е за купување на фасадни плочки за изработување на фасадата и лепак за лепење на истите. Па ќе ни бидат потребни околу две илјади евра груба проценка, се уште немаме направено целосна проценка. Па обично за се што имаме направено во врска со манастирот немаме плаќано мајсотри, ќе гледаме и овој пат да бидеме така. Ако овој пат треба, ќе треба да се палти.”, вели Стојмилов
Манастирот во Тркање постои уште од многу одамна. Според кажувањата на постарите, на ова место некогаш имало мала црква изградена од камен. Местото и денес е познато како „Господиница“, име кое мештаните го поврзуваат со верското значење што го имало уште од минатото. Денес манастирот е под Македонската православна црква, тука се одржуваат литургии, а за Ѓурѓовден се собираат верници за заеднички да го одбележат празникот.
,,Има доста работи направено. Моментално тоа е приоритет за оваа година, па натаму ќе видиме. Целосно е исртан, имаме настрешени, место за седеење, клупи, маси, кујна. Ова е веќе трето реновирање на манастирот и сега треба дасе прави како реосветна. Целосно е под МПЦ. Имаме литургии, се слави на Ѓурѓовден. Манастирчето постои многу одамна. Првично е бил со камен, како што знам јас од моите баба и дедо. Тоа место се вика Господиница, значи самото име кажува дека тоа место одамна е таму со верски објекти.”, додава Стојмилов
Идејата, како што велат од црковниот одбор, е манастирот да добие нов и поубав изглед, но и да се зачува ова место кое со години ги собира верниците и претставува дел од духовната традиција на селото.
Иван Митев, М-Нет