Задолжителна зимска опрема, исправни гуми и внимателно возење – СВР Штип со апел до возачите

,,Навремено граѓаните да ги подготват своите возила за зимскиот период и да ја почитуваат законската обврска за задолжително поседување пропишана зимска опрема, која започнува од 15 ноември годинава и трае до 15 март 2027 година. Сакаме да потенцираме дека зимската опрема не е само законска обврска, туку пред се неопходна мерка за безбедност, која има особено значење за безбедно управување со возилото и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди во зимски услови. ВО период кога верменските услови се проенливи, апелираме до сите возачи навремено да ги подгтоват своите возила, да ја проверат исправноста на пневматиците и да не тргнуваат на пат неподготвени за зимски услови. Истовремено потсетуваме дека брзината треба да биде приспособена на условите на патот.”, вели Прлески

Од СВР Штип најавуваат редовни полициски контроли со цел почитување на сообраќајните правила и законската обврска за зимска опрема. Од полицијата апелираат возачите да не ја сфаќаат оваа обврска само како формалност, туку како лична одговорност за сопствената безбедност и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

,,Полициските службеници ќе вршат редовни контроли и ќе преземаат мерки за почитување на сообраќајните правила и прописи. Апелираме оваа зкаонска обрска да не се сфаќа само како формалност, туку како лична одговорност на секој возач за сопствената безбеднсот и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Затоа подгответе се навреме, почитувајте ги правилата и возете одговорно, бидејки на патот не сте сами, а вашата одговорност може да спаси човечки живот.”, додава Прлески

Обврската за задолжително поседување зимска опрема ќе важи до 15 март 2027 година, а дотогаш возачите треба да ги почитуваат пропишаните правила.

Иван Митев, М-Нет