Нови правила за боледување од декември, најголем дел штипјани ја поддржуваат мерката

Од први почнуваат да важат новите правила за боледување, па наместо седум дена, матичниот лекар ќе може да пушти пациент дома само пет дена без дополнителни прегледи. Целта на оваа мерка е да се спречат лажните отсуства од работа. Граѓаните на терен се со различни мислења – едни велат дека мерката не е во ред, додека најголем дел од анкетираните ја поддржуваат и сметаат дека е исправна.

Според измените, периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство од работа без дополнителни дијагностички испитувања се намалува од седум на пет дена. За продолжување на боледувањето ќе бидат потребни дополнителни медицински наоди или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот.

Доколку здравствената состојба на пациентот бара подолго отсуство, ќе треба да се обезбедат дополнителни испитувања или мислење од специјалист, во зависност од конкретната дијагноза.

Сепак, матичниот лекар ќе може да одобри боледување до 15 дена, доколку се исполнети пропишаните медицински услови.

За отсуство подолго од 15 дена ќе одлучува надлежна лекарска комисија.
Целта е да се воспостават појасни правила за постапување и документирање на боледувањата.

Иван Митев, М-Нет