
Суеверие или лоша среќа е денешниот петок 13-ти, познат и како баксузен ден. Граѓаните безгрижно си пазареа на штипскиот пазар, полнејќи ги торбите и воопшто не размислувајќи ниту кој ден е, ниту кој датум е. Велат, за нив ова е обичен ден, не веруваат во суеверија и не очекуваат ништо лошо, и се е само измислица. Напротив, веруваат дека здравјето, среќата и позитивните мисли се најважни.
Петок 13-ти се смета за несреќен ден поради старите верувања дека бројот 13 носи несреќа, бидејќи на Тајната вечера имало 13 луѓе, а петокот се поврзува со распнувањето на Исус Христос. Во некои верувања, несреќата се поврзува и со приказната за Адам и Ева и забранетиот плод. Сепак, станува збор за суеверие, а не за докажан факт.
За некого, пак, петок 13-ти е најсреќниот ден, бидејќи верува дека бројот 13 му носи среќа и го смета за свој среќен број.
Ева Тушевска, М-Нет