Вратените јаболка од Бугарија се само повод за кавга, тврдат земјоделците на штипскиот пазар

Вратените јаболка од Бугарија поради пестициди се само повод за кавга, а не точна информација, тврдат земјоделците на штипскиот пазар. Тие велат дека производителите најодговорно си ја вршат работата и внимаваат на производството. Според нив, ваквите забелешки се само начин да се предизвикаат расправии и конфликти. Гарантираат дека тврдењата не се точни и дека во нивните овоштарници не се прска толку често како што се зборува. Не се согласуваат со обвинувањата и сметаат дека неправедно се создава лоша слика за домашните производители.

,,Секогаш ќе ни наоѓаат маана за да можат да се скарат. Не е точно гаранција давам дека не е точно. Посебно Радовиш да ти прска толку пати, гарантирам оти не прска, а таа јабука биле товарена од Радовиш, што значи дека нема шанси Радовиш да прска толку. Ај да е Ресен може би, ама Радовиш не, јас со тоа не се слагам.”, влат производителите

Производителите од пазарот тврдат дека со години продаваат јаболка и дека немаат никакви забелешки од страна на купувачите. И годинава велат граѓаните купуваат, што според нив е потврда дека производите се квалитетни.

,,Цените се просечни и прифатливи, килото се движи од 50 денари, па согласно квалитетот. Па сега имаме две сорти, порано имаше и повеќе. Потеклото е од Радовиш, граѓаните купуваат, сезоната е сега, бидејки другите овошја ги снемува.”, додаваат производителите

Инаку, станува збор за скоро 20 тони македонски јаболка, кои на почетокот на месецов беа фатени и вратени директно од бугарската граница.
Дополнително, ова беше втора ваква пратка во рок од неколку дена (претходно на 29 октомври од бугарската граница беа вратени уште 21 тон јаболка), со што вкупната количина на вратени јаболка од Бугарија достигна над 40 тони.

Иван Митев, М-Нет