
На само 15 минути од Штип, во Горни Балван, се крие одлично место за качување на природни карпи, што е поттик во текот на овој месец да се организира фестивал или еден собир на сите качувачи од Македонија со цел да се запознаат со сите можности кои ги нуди Горни Балван за овој спорт.
Јован Иванов од спортско качувачкиот клуб Астибо од Штип, за М Нет телевизија открива дека Горни Балван нуди големи можност, последните три четири години активно качуваат, но притоа и ги чистат постоечките карпи со цел безбедност да може да се качуваат по истите.
„Во текот на месец ноември планираме да организираме еден настан кој го планираме веќе одреден период, мислими дека сега е време да ги запознаеме качувачите од нашата држава и нашите колеги од останатите градовите за можностите кои ги нуди Горни Балван. Сите тие болдери кои се во околината на селото. Последните три четири години активно качуваме, не само што качуваме туку успеваме да ги исчистиме постоечките карпи од мов, трања и други работи кои оневозможуваат качување. Откривме дека на 15 минути од Штип имаме одлично место за качување на природна карпа, нешто што многу колеги по спорт го немат“, изјави Иванов.
Можностите кои ги нуди Горни Балван се причина за да се направи фестивал односно собир на качувачи со цел да се запознаат со локалитетот и неговиот потенцијал. Ваквата идеја е позитивно прифатена и од страна на локалното население кое живее во тој крај.
„Затоа дојдовме на идеја да организираме еден фестивал или еден собир на сите качувачи да ги запознаеме со локалитетот, да се вклучат во отварање на нови насоки, дружба, размена на идеи, а пред се да успееме да го вратиме во живот Горни Балван, затоа што на овој начин можеби ќе успееме да ги спречиме изумирањата на селата што се почесто е случај во нашиот крај. Можеби нема да постигнеме нешто да се вратат луѓето назад, меѓутоа да успееме во тоа да бидеме често присутни таму, а со самото тоа можеме да забележеме кај локалното население кое што е таму има доста позитивни коментари и кога гледаат млади луѓе и деца како се качуваат по карпите или слично, можеби ги враќа на некои спомени од порано кога селата имале голем број на жители“, вели Иванов.
Во следниот период ќе биде прицизиран точниот датум кога ќе се одржи овој соб