
Утре со два натпревари со отвара 5. коло на Првата футсал лига со мечевите во Валандово и Велес.
Шампионот Проект на домашен терен ќе игра против некогашниот шампион Железарец, кој направи експресен кам-бек во елитата, а пак Кеги Моби на домашен терен ќе игра со Бутел.
За понеделник се планирани три средби. Во Куманово, Форца како фаворит ќе гира со Клими, Осогово во Крива Паланка ќе го пречека СЕЕ Университи од Тетово, а пак Шкупи ќе игра домашен натпревар со Јувентус Серава.
По репрезентативната пауза, прволигашите одморите ќе целат кон освјување на бодови.
Александар Ванев, М-Нет