Во Штип се одржаа два општински турнири во шах за основни и средни училишта, Лукијан Тенев и Петар Донев најдобри

Успешно се одржаа општински турнири во шах на основните и средните училишта во Штип со голем интерес во двете конкуренции од страна на учениците.

Овие општински турнири беа организирани во соработка меѓу Сојузот на училишен спорт на општина Штип и со стручна и логистичка поддршка од шаховскиот клуб Нов Напредок.

Турнирите беа наменети за ученици од основни и средни училишта, а на истите настапија вкупно 32 ученика, по 16 во двете конкуренции. Турнирите се играа по „швајцарски систем“ од шест кола со темпо на играње десет минути плус пет секунди за секој потег.

Најдобри во двете конкуренции беа членови од шаховскиот клуб Нов Напредок, Лукијан Тенев кај основците со максимални шест поени односно шест победи од толку натпревари и Петар Донев кој беше максимален кај средношколците.

Тенев и Донев се дел од шаховската школа при шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип што е потврда за нивниот голем напредок и развој со редовни тренинзи, натпревари и подготовки.

Овие турнири се уште една потврда дека интересот кај младите за шахот во градот под Исарот зема се поголем интерес.

Александар Ванев, М-Нет