
Почнаа активностите за изградба на нова водоводна и канализациона мрежа во населбата Баби во Штип. Со изградбата ќе се овозможи поврзување на веќе постоечките парцели во непосредна близина и ќе се создадат услови за иден развој на овој дел од градот. Градоначалникот Иван Јорданов, на денешната прес конференција, најави дека во наредната година е планирана изградба на сообраќајница која ќе ги поврзе населбите Баби и Балканска. Паралелно, се работи и на изградба на нов тротоар и целосно осветлување на потегот од населбата Баби до населбата Караорман.
,,Се наогаме на локација веднаш до нас. Баби. Овде се зпаочнува со изградба на нова подземна инфраструктура водовод и канализација со која верувам дека не само што ќе се поврзат веќе постоечките парцели, кои се наогаат во непосредна близина, туку и перспективно ќе се овозможи иден развој. Имајки во предвид дека на локацијата каде што се наогаме е предвидено, веќе во наредната година да се изгради, да се продолжи сообраќајница, која ќе ја поврзува населба Баби со населба Балканска, со изградба на река Брегалница. Ова перспективно ќе овозможи преку изградбата на оваа подземна инфрастуркура со водоводна и канализациона мрежа поврзување на парцелите кои преку изградбата на сообраќајницата ќе бидат многу повеќе атрактивни. Во иднина ќе може да се урбанизираат и верувам дека на тој начин полека, но сигурно го трасираме развојот на н ашиот град. Активноста ја изведува ЈП Исар со буџет одвоен од Општина Штип, нешто помалку од 2 милиони денари, средства кои се инвестираат во оваа подземна инфраструктура. Исто така морам да напоменам да паралелно на оваа изградба, се работи и на проширување, изградба на нов тротоар помеѓу населбите Баби и Караорман и целосно осветлување на потегот од нас. Баби до нас. Караорман. Ова се зафати реализација на потреби на нашите сограѓани и планирање на идниот развој на нашиот град, преку едни вакви инвестиции и проекти кои се реализираат.”, вели Јорданов
Јорданов посочи дека Општина Штип продолжува со реализација на проектите предвидени во програмата за уредување на градежното земјиште. Воедно, веќе се собираат информации од терен кои ќе помогнат во утврдувањето на приоритетите при подготовката на буџетот за 2027 година.
,,Ќе продолжиме и понатаму со спроведување на проекти кои се зацртни во програмата за уредување на градежно земјиште. Имајки во предвид дека се наоѓаме веќе при крај на 2026 година и полека ги прибираме информациите од терен за буџетот за 2027 година, верувам дека преку овој период ќе сткнеме информации, кои ќе ни користат за тоа како да продолжиме со работа, на кои позиции се прироритетни и како да продолжи развојот на нашиот град.”, додава Јорданов
Како што најави градоначалникот Јорданов, и натаму општината продолжува со реалзиирање на проектите кои се предвидени во програмата за уредување на градежно земјиште
Иван Митев, М-Нет