Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, во рамки на државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, присуствуваше на свеченото отворање на Светскиот лидерски самит „Кон одржлива, отпорна и правична иднина“, чиј домаќин е претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Настанот го означи почетокот на самиот на високо ниво за шефовите на држави и влади во рамки на COP31.
За време на Пленарната сесија, пред светските лидери се обрати претседателката Силјановска-Давкова, претставувајќи ги националните позиции, климатските амбиции и посветеноста на кон глобалните зелени цели.
Учеството на овој форум го потврдува активното учество на нашата земја во меѓународниот климатски дијалог и заложбите за обезбедување праведна зелена транзиција, одржлив развој и зајакната регионална и глобална соработка.
Текстот Хоџа на отворањето на Светскиот лидерски самит на COP31 во Анталија е превземен од МАКФАКС.