Детски реквизити и катчиња за игра се поставуваат на неколку локации во Штип

Детски реквизити и катчиња за игра се поставуваат на неколку локации во Штип. Со оваа активност, децата добиваат нови, безбедни и уредени простори за безгрижно детство и секојдневно дружење на отворено. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, нагласи дека играта е важен дел од правилниот развој, учењето и растењето на секое дете. Тој истакна оти грижата за најмладите претставува директна инвестиција во иднината. Со поставувањето на новата урбана опрема се збогатуваат парковите и се поттикнува поголема физичка активност кај децата. Очекувањата се дека овие уредени катчиња ќе станат место за собирање на најмладите. Дополнително, од локалната самоуправа информираат дека ваквите активности за опремување на јавните површини се одвиваат етапно во повеќе населби, со цел сите деца во градот да имаат пристап до соодветни услови за игра.

Иван Митев, М-Нет