Зголемен бројот на туристи и ноќевања во Македонија, најмногу од Турција и Србија, покажуваат податоците на ДЗС

Зголемен е бројот на туристите во земјава за 3 проценти, а бројот на ноќевањата за 3,5 проценти во периодот јануари – септември 2026 година, во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем број странски туристи во септември пристигнале од Турција, потоа од Србија , Германија и Полска. Граѓаните сметаат дека природните убавини и туристичките потенцијали што ги нуди Македонија се една од причините поради кои земјава ја посетуваат туристи од соседните, но и од останатите држави.

Само во септември биле евидентирани 136.305 туристи, кои оствариле 264.370 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 75,1 процент биле странски, а 24,9 проценти домашни посетители.

Ева Тушевска, М-Нет