АХВ ги демантира тврдењата на Џемаили дека вакцинацијата нема да може да се спроведе поради јагнењето на овците

Како одговорна и транспарентна институција демантираме дека во изминативе денови до АХВ е поднесено барање за средба од страна на Асоцијацијата за сточари, на која првите луѓе на Агенцијата се подготвени да одговорат, тогаш кога Асоцијацијата и нејзиниот претседател Џемаили ќе изразат подготвеност за тоа.

Тврдењата дека вакцинацијата против овчите сипаници нема да може да се спроведе поради претстојниот период на јагнење, изнесени од претседателот на Асоцијацијата на одгледувачи на овци, Насер Џемаили, целосно ги демантира Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму велат дека за тоа кога и кои животни ќе бидат опфатени со вакцинацијата, одговор ќе дадат стручните лица. Од АХВ демантираат дека Асоцијацијата побарала средба, но не добила одговор од институцијата. Велат дека до нив не било доставено никакво барање за средба, но дека раководството е подготвено да ги прими претставниците на Асоцијацијата доколку тие побараат разговор.

,,Агенцијата за храна и ветеринарство ја демантира дадената изјава на претседателот на Асоцијацијата на сточари, Насер Џемаили, во која тврди дека вакцинацијата против болста сипаници кај овци и козеи нема да може да се спроведе поради гравидноста на овците. За тоа кога и кои животни ќе бидат опфатени со вакцинацијата одговор треба и ќе дадт стручните лица.
Вакцините обезбедни од ЕУ се пристигнати во земјава. Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека резултатите од нивното тестирање на Факултетот за ветеринарна медицина по што ќе почне нивната дистрибуција. Вакцинацијата ќе се спроведе согласно одобрениот план од Европскта комисија и во координација со ветеринарните друштва.”, велат од АХВ

Дополнително оттаму демантираат и за тоа дека во измантите денови до АХВ било поднесено барање за средба од страна на Асоцијацијата за сточари. Велат дека првите луѓе на Агенцијата се подготвени да одговорат, тогаш кога Асоцијацијата и нејзиниот претседател Џемаили ќе изразат подготвеност за тоа.

Иван Митев, М-Нет